satya-nadella-microsoft-msft-7135

Како што би се очекувало, вработените кои ќе бидат отпуштени се тие кои дојдоа во компанија преку купувањето на Nokia пред 2 години. На 900 од нив веќе им била соопштена одлуката, односно ќе бидат отпуштени веднаш, додека остатокот во текот на идната година.

Со овие отпуштања и отпишувањето на зделката со Nokia, во компанијата скоро и да нема останато ништо од таа одлука донесена од Стив Балмер. Одлуката да Nokia работи ексклузивно со Microsoft, како и подоцна договорот за купување, беа критикувани во главно од сите од самиот почеток.

Искуството покажа дека сепак критичарите биле во право, но исто така може да се аргументира дека Microsoft можеше да направи многу повеќе без разлика на слабата популарност на Windows за мобилните.

Сепак, без разлика на аргументите, одлуката да не се работи активно на нови мобилни уреди, а со тоа и да се тргне тој бизнис од компанијата е на новиот директор Сатја Надела, па ова се вклопува со неговата стратегија.

Тој воведе нов начин на работа кој вклучува развој на одлични апликации и сервиси кои ќе бидат достапни на повеќето платформи, а посебно на Android и iOS. Ова може да се покаже и како добра работа за Windows 10 Mobile во иднина, односно за наредните 2-3 години.

Корисниците исто така надежта за платформата на Microsoft ја гледаат во претставувањето на Surface Phone кое најверојатно треба да се случи идната година, доколку нешто не биде променето во меѓувреме.

Поради успешноста на Surface линијата на производи, се верува дека и телефон направен под овој бренд и истиот тим ќе го следи истиот успех. Тоа би требало да ги привлече и останатите производители да се приклучат на трендот, па Windows 10 Mobile да добие некаква шанса да остане релевантен играч на пазарот.

Извор: Recode, Engadget

Претходна статијаРусија работи на авион кој ќе испушта нуклеарни глави од вселената
Следна статијаMicrosoft сепак најде начин да ја продолжи понудата за бесплатна надградба на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.