nokia-asha-311
Фото: GSMArena

Microsoft денеска информираа дека го продале делот од својот бизнис за таканаречени feature телефони, односно делот којшто се’ уште го носи брендот на Nokia. Се работи за телефоните како  Asha, Series 40, Nokia X и слични.

Договор за продажба е постигнат со компанијата FIH Mobile Ltd којашто е подружница на компаниите Hon Hai/Foxconn Technology Group и HMD Global Oy. Зделката е со вредност од 350 милиони долари, а вклучува и префрлување на 4,500 вработени кои веќе нема да бидат дел од Microsoft.

Од компанијата истакнаа дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат Lumia моделите, како и Windows Phone моделите од другите производители, односно не го продаваат и делот за паметни телефони.

Од Microsoft се очекува да не дава некое посебно значење на свои телефони оваа година, по што се очекува претставување на Surface Phone идната година. Овој телефон се очекува да има значително повеќе популарност од сегашните телефони, а до тогаш развојот на Windows 10 Mobile ќе биде во понапредна фаза.

Извор: Microsoft, The Verge, Gizmodo

Претходна статијаНов систем за регенерација на матични клетки
Следна статијаLenovo Moto G4 и G4 Plus имаат 5,5 инчни дисплеи со Full HD резолуција, солидни перформанси и ниска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.