marko-rockstart

MarkO, паметниот асистент за комплетирање на обврските на CodeWell, ја доби својата прва инвестиција и ќе биде дел од четвртата по ред  “Web & Mobile” програма на еден од најдобрите европски стартап акцелератори – RockStart, Амстердам. MarkO заедно со уште 9 стартапи (Cocoon, Deskbookers, Klets, KOLLEKT.FM, Live On Demand, Packpin, RutaPro, TabTrader, Undeveloped) успеа да ги освои симпатиите на тимот на RockStart и нивните ментори  и да биде дел од оваа програма за која се бореа повеќе од 600 апликанти, од повеќе од 60 земји.

Тимот на MarkO ќе престојува 150 дена во Амстердам, Холандија каде што ќе биде поддржан од група од над 80 интернационални ментори. Целта на оваа соработка е со помош на акцелераторот MarkO да созрее и прерасне во една од најдобрите светски апликации за продуктивност. По завршувањето на програмата, сите 10 стартапи ќе го презентираат својот бизнис пред 300 инвеститори, ментори и медиуми на Demo денот, организиран во просториите на RockStart. Ова ќе биде одлична можност за тимот на MarkO да се здобие со дополнителни инвестиции и бизнис можности, што би довеле до уште поголем успех на продуктот.

Патот до успехот е тежок, но ние веќе ги направивме првите чекори и продолжуваме понатаму со голем ентизијазам. Она што е највозбудливо за нас е можноста да работиме во една интернационална околина, опкружени со најдобрите консултанти и ментори кои ќе помогнат не само во развојот на MarkO, туку и во развојот на нашиот тим.” – велат од  CodeWell.

Повеќе за годинешната програма на RockStart акцелераторот можете да прочитате на: http://www.rockstart.com/blog/introducing-10-startups-rockstart-accelerators-class-2015/.

marko-rocks-on

Кратко потсетување: 

MarkO е мобилна апликација моментално достапна за корисниците на Андроид паметни телефони и паметни часовници, изработена од CodeWell. MarkO има различен пристап кон управувањето на секојдневните обврски. Тој се фокусира на локацијата каде што можат да се завршат обврските, а не на времето, затоа што многу често ги менуваме нашите планови во последен момент.

MarkO Ве потсетува за Вашите обврски со испраќање на пријателски потсетник кога сте во близина на местото каде што можете да ги завршите. Ова го овозможува на начин што Ви дозволува да го вметнете конкретното место, категорија или директно да го вметнете во мапата.

Исто така, MarkO Ви овозможува да ги споделувате обврските со Вашите пријатели, така што и тие би Ви помогнале во нивното комплетирање.

Преземете ја MarkO од Play Store.

Претходна статијаКакви прилагодувања ќе има Apple Watch преку апликацијата на iPhone
Следна статијаНовиот Galaxy S6 ќе има најдобра камера во класата