Една од најпознатите компании од областа на сајбер безбедноста „Касперски“ се соочува со проблеми во работењето во САД. Имено, Федералното Биро за Истрги, во последен период интензивно работи на „предупредување“ на компаниите од ризиците од соработката со гигантот од областа на сајбер безбедноста.

Ваквиот пристап на државен орган, особено со реноме на ФБИ се граничи со државно ограничување на конкретна компанија да работи во одредена земја, што секако не е дозволено, освен доколку за истото не постои квалитетно објаснување, што не е случај. Главната причина поради која компанијата се смета за недоверлив партнер е фактот дека се работи за руска компанија.

Руска компанија не може да биде од доверба и да биде одговорна за безбедноста на клучната американска сајбер инфраструктура, се вели во официјалниот став на ФБИ. Според информациите кои ги пренесува CyberScoop, од почетокот на годината ФБИ води кампања со цел да ги разубеди компаниите да не го користат софтверот на Kaspersky Lab, а во примарниот фокус се компании од секторот на енергетиката.

Ваквата хајка во која се најде Kaspersky кулминираше изминатото лето кога американскиот Сенат изнесе нацрт закон со кој ќе се ограничи соработката на Департманот за безбедност со конкретната компанија, по што следеше и акција на Конгресот кој побара од неколку компании да ги достават сите документи поврзани со соработката со Kaspersky.

Од друга страна Kaspersky убедува дека компанијата нема никакви врски и не одржува комуникација со безбедносни служби на ниту една земја или влада.

Извор: Engadget, CyberScoop

Претходна статијаIntel претстави нов Atom процесор, сега наменет за серверите
Следна статијаXiaomi соработува со Google за лансирање на Android One смартфон