Приказната на една од најуспешните компании на денешницата е како бајка за денешните старт-ап компании. Една гаража, многу ентузијазам, желба за успех, иновативност, идеја, дрога, пријателство … Но, почетоците беа тешки за компанијата од Купертино, Калифорнија.

Основањето на Apple и првите компјутери

Пред 41 година, односно во 1976-та во гаража е основана Apple од страна на Steve Jobs и Steve Wozniak. Но, малкумина го знаат и нивниот трет пријател Ronald Wayne кој имал голем удел во основањето на компанијата, односно да не бил Ronald Wayne, денес немаше да имаме iPhone, iPod, iPad, MacBook …

Apple Inc. е заведен во регистарот на компании на САД во 1977-ма година, а 30 години подоцна е претставен првиот iPhone од страна на Steve Jobs. Во тој период од 41-на година, компанијата од Купертино помина низ драстични промени. На самиот почеток, во 1976-та бил претставен првиот компјутер од компанијата, едноставно наречен Apple I, кој бил само компјутерска плоча, без куќиште, монитор, тастатура и глувче. Компјутерските ентузијасти кои ќе се одлучеле да го купат требало сами да го склопуваат. Наредната година бил претставен Apple II и бил првиот компјутер наменет за домашна употреба кој имал огромен успех и бил со екран во боја, за разлика од Apple III кој бил претставен наредната година и кој бил огромно промашување на Apple.

Идејата за името Apple

Steve Wozniak во интервју за Byte Magazine во 1984-та ги даде целите заслуги за именувањето на компанијата на Steve Jobs. Бидејќи Steve Jobs во тој период работел од време на време во овоштарниците во Орегон. Идејата најверојатно ја добил поради тоа што имало многу јаболкници во овоштарниците. Или едноставно му се допаѓало тоа име. Steve Jobs и Wozniak се обиделе да го променат името и да најдат друго, но неуспешно.

Првата апликација на Apple компјутер 

Dan Bricklin кој бил студент на Harvard Business School ја програмирал првата апликација за Apple компјутерите наречена Visicalc, планирана да биде нешто налик на денешните Excel или Numbers апликации на Microsoft и на Apple.

Внатрешната конкуренција помеѓу тимот Lisa и тимот Macintosh

Во Apple напоредно се развивале два компјутерски системи. Едниот наречен Lisa (Local Integrated System Architecture), случајно и ќерката на Steve Jobs се вика така и другиот наречен Macintosh. Тимовите кои стоеле позади проектите биле очајни нивниот производ да биде првиот кој ќе биде наменет за широка потрошувачка. Во тоа време, поради понапредниот кориснички интерфејс победил тимот Lisa кој бил многу поскап проект од Macintosh на кој работел Jobs. Но, подоцна се испостави дека Macintosh ќе има огромен успех.

Steve Jobs

Иако сите го знаеме Steve Jobs и знаеме дека тој е срцето и душата на Apple, тој не бил отсекогаш директор на компанијата. Поради неговата возраст голем дел од одборот на директори сметале дека тој не е доволно искусен да ја води. На негово место го поставиле John Sculley, претходно вработен во Pepsi. Интересно е што Jobs го вработил во Apple со реченицата “Сакаш да продаваш засладена вода до крајот на твојот живот? Или сакаш да дојдеш со мене и заедно да го промениме светот?” Поради различниот начин на менаџирање и остриот однос на Jobs спрема вработените, Scully е поставен за Генерален Директор.

Во 1985-та Steve Jobs го напушта Apple и ја формира NeXT. После 12 години Apple на кој очајно им е потребен нов оперативен систем, го откупува NeXTSTEP OS кој е на компанијата NeXT на Steve Jobs за 429 милиони долари и плус 1.5 милиони акции во Apple и на тој начин Steve Jobs се враќа во компанијата.

Jobs подоцна ги убедува членовите на управниот одбор тогашниот Генерален Директор Gil Amelio да го разрешат од позицијата и на негово место да дојде тој самиот. Jobs беше успешен во намерата. На почетокот на неговото враќање­ Apple забележа низа неуспеси и беше остро критикуван од директорот на компанијата Dell кој што кажа дека Apple треба да се затвори и дека треба парите да се вратат на акционерите. Но, во 2006-та Steve Jobs го дочека својот момент и испрати mail до своите вработени во кој што кажа: “Испадна дека Michael Dell не беше прецизен во своите предвидувања за иднината. Според берзанските резултати, денес Apple вреди повеќе од Dell. Акциите одат горе-долу, работите може да бидат утре други, но мислам дека денес можеме да се радуваме.” Apple денес е една од најуспешните компании во светот и според многумина успехот се должи на упорноста на Steve Jobs.

iPhone 

Во 2006-та е претставен првиот iPhone претставен од Steve Jobs како три различни уреди. Уред за слушање музика, сурфање на интернет и за остварување на телефонски повици. Денес iPhone е најбараното парче технологија во светот.

Погледнете ги и фотографиите кои се направени низ историјата на компанијата Apple Inc.

Претходна статијаGoogle Assistant ќе биде достапен и во смартфоните на LG?
Следна статијаПотврдено – знаменосецот на Samsung ќе се вика Galaxy S8 и ќе има минимална рамка околу дисплејот