Google ќе претстави нов дизајн за корисниците во делот на сигурноста и приватноста, со цел да им овозможи полесен увид во информациите и податоците кои компанијата ги чува за нив. Редизајнот, кој се однесува на мобилната верзија од Google Dashboard, вклучува две алатки именувани: My Account и My Activity кои му овозможуваат на корисникот да има увид во сите свои активности во рамки на Google. Тука влегуваат пребарувањата, Google Maps, па дури и YouTube.

Од компанијата не прецизираат кога новиот дизајн ќе биде достапен, а промената се очекува во наредните неколку недели. Google се реши на модернизирање на токму овој сегмент од своите услуги со оглед на тоа што милиони корисници годишно ги користат алатките наменети за поквалитетна приватност и сигурност.

Во прилог на ова оди и можноста именувана Takeout претставена во 2011-та година, а до денес користена од милиони корисницни на месечно ниво. Имено се работи за „излезна карта“ доколку посакате Google да ги форматира сите информации кои ги поседува за вас. Тука примарно се мисли на преференци потребни за маркетиншки цели и таргетирање на публика.

Извори: The Verge, ZDNet

Претходна статијаБорис Ефтимовски избран за нов Претседател на ИАБ Македонија
Следна статијаHP Z Workstation компјутерите се за оние кои бараат максимални перформанси од својот компјутер