Google, компанија која што стана многу повеќе од интернет пребарувач, влезе во многу повеќе бизниси кои што се од областа на технологијата, но и пошироко. За подобар развој на сите овие посебни делови, основачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејџ, решија да основаат нова компанија која што ја нарекоа Alphabet, под која што ќе спаѓаат сите овие бизниси на Google како посебни компании.

Со оваа одлука, Google останува како посебна компанија, меѓутоа сега во сопственост на поголемата Alphabet. Под водство на Google, односно сега новиот главен директор Сундар Пичаи, остануваат интернет пребарувачот, YouTube, Android, Google Apps, Google Maps и рекламниот бизнис.

Останатите бизниси во кои што навлезе Google, сега се издвојуваат како посебни компании под капата на Alphabet кои што ќе имаат посебни директори и буџети за развој. Некои од останатите бизниси ги вклучуваат Google X, Google Fiber, Nest, развој на производи како леќите за дијабетичари, самоуправувачкиот автомобил и слично.

Со ова Google, односно Alphabet прераснува во компанија која што веќе не треба да биде гледана како интернет пребарувач со уште неколку проекти. Alphabet станува огромен технолошки холдинг кој што ќе се развива во многу области. Сите посебни компании дел од холдингот ќе имаат повеќе шанса за развој кога ќе бидат независно развивани.

Оваа компанија официјално го заврши своето преструктуирање во петокот, а од денес и официјално ќе започне тргувањето со акциите. Истите ќе бидат под името на Google, а акционерите остануваат без никакви промени.

Извор: Google, Cnet

Претходна статијаLogi Circle е паметна домашна мониторинг камера
Следна статијаApple и Google остануваат најдобрите светски брендови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.