Се’ повеќе компании во светот се одлучуваат за користење електрична енергија која што се добива од обновливи извори. Истото важи и за еден од најголемите светски гиганти Google. Тие објавија дека во 2017 година целосно ќе се снабдуваат со електрична енергија која што се добива од соларни панели и ветерници.

Доказ за тоа дека Google е една од најголемите компании во светски рамки е фактот што вработува повеќе од 60.000 луѓе, кои што работат во многу податочни центри и канцеларии насекаде во светот. Google ја зацртал и почнал да ја остварува оваа цел во 2012 и после 5 годишна напорна работа конечно може да се пофалат со постигнатите резултати.

Во 2015 година оваа компанија купила 5,7 терават часови зелена електрична енергија, која што била доволна за 44% од потребите на компанијата. Тоа е скоро колку целото производство на енергија од соларни панели во земја како Велика Британија кое изнесува 7,6 терават часови.

Луѓето од Google кои што се задолжени за ова прашање веруваат во глобално затоплување и велат дека одлуките кои што ги носиме денес ќе влијаат на нашата иднина, а особено иднината на нашите идни поколенија. Тие исто така велат дека крајно време е и нивната компанија да си го одработи својот дел во врска со ова прашање. Од друга страна нуклеарната енергија останува отворена тема кога станува збор за иднината на овој гигант. Моментално „контроверзната“ нуклеарна енергија како што ја нарекуваат, е во втор план поради многу причини, а особено затоа што зелената енергија е економски најисплатлива засега.

Извор: Engadget, Huffington Post, The Guardian

Претходна статијаРоденденски маратон – 72 часа забава, шопинг и частење
Следна статијаШто е тоа маркетинг микс и зошто е важен за бизнисот?