Motorola

Motorola е компанија основана во далечната 1928 година во Илиноис, САД, која е позната по производството на радио опрема, како базни станици за мобилна коминикација и слично. Исто така оваа компанија е позната како првата што почна да развива и да работи со мобилни телефони. После големите загуби што почна да ги остварува во работењето од 2007 до 2009 година се поделува на два дела, едниот дел кој што продолжува да работи со радио опрема, а другиот дел со производство на мобилни телефони. Делот за мобилни телефони Motorola Mobility е купен од страна на Google за рекордни 12,5 милијарди долари во 2012.

Со купувањето Google требаше да влезе на пазарот на мобилни уреди и да го појача својот популарен Android оперативен систем. Исто така со оваа зделка Google стана сопственик на големо патент портфолио.

Сепак Google не успеа да ја направи Motorola Mobility во навистина успешна компанија која што му генерира дополнителен профит, па реши да ја продаде на Lenovo, кинеска компанија која што е позната на PC пазарот. Lenovo кој што се успешни во продажбата на мобилни телефони во Кина, со оваа зделка треба тој успех да го пренесе и во САД, како и остатокот од светот, нешто што до сега не им успеа многу. Lenovo такво нешто постигна на пазарот на персонални компјутери преку купувањето на PC делот од IBM 2005. Сега моделите TnikPad и IdeaPad се познати модели како на бизнис, така и на потрошувачкиот пазар.

Lenovo ќе плати за Motorola 2,91 милијарда долари, од кои што 660 милиони во готово по склучување на зделката, 750 милиони во форма на акции од Lenovo, како и 1,5 милијарди преку издавање на 3 годишна меница. Покрај бизнисот со мобилни телефони, Lenovo преку оваа зделка ќе добие и повеќе од 2.000 патент лиценци. Google сепак ќе ја задржи сопственоста на поголемиот дел од патент лиценците. Google исто така ќе го задржи делот за напредна технологија (Advanced Technology Group) каде што се наоѓа и Project Ara модуларниот телефон.

Претходна статијаApple ќе претстави нов Apple TV со повеќе функции ?
Следна статијаНамалената продажба на iPod може да значи крај на новите верзии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.