digisfera-logo

Во денешно време веќе е нормално да читаме вести за купување на некој од големиот број на стартапи од страна на големите компании. Тоа е така поради се полесниот пристап до ресурсите и информациите, па поголемиот дел од способните луѓе се одлучуваат за започнување на сопствена компанија, наместо барање работа во некоја од постојните.

Не ретко, овие нови компании покажуваат дека кај себе имаат одличен и способен кадар, а создаваат и производи кои што се покажуваат како корисни и популарни. Големите компании би можеле да работата на свое решение од одреден таков производ, меѓутоа изгледа е многу поедноставно да се купи целата компанија и да се преземат вработените и готовиот производ.

Најнов ваков пример е купувањето на Digisfera од страна на Google. Оваа компанија е основана пред скоро пет години во Португалија и е специјализирана во технологии за панорамски, односно 360 степени фотографии.

Тие веќе имаат огромен број на слики од целиот свет, а можат да се пофалат и со слики од познатите стадиони и други спортски градби за време на светски првенства или олимписки игри, меѓу другото.

885259_454461994623312_166768942_o

Google ги презема вработените и технологијата од оваа компанија кои што ќе бидат додадени во тимот кој што работи на Street View во Google Maps. Со ова може да се очекува унапредување на „разгледниците“ достапни на овој популарен сервис со уште повеќе слики кои што ќе имаат и подобар квалитет.

Со преминувањето во тимот на Google, некои од сервисите на Digisfera ќе престанат со работа. Конкретно се работи за сервисот за означување на сликите PanoTag.

Информацијата за зделката е објавена на страната на Digisfera и е потврдена од Google, меѓутоа не е позната сумата за која што е купена компанијата.

Извор: Digisfera, VB

Претходна статијаСо Garmin BabyCam ќе го гледате бебето на задната клупа додека возите
Следна статијаДали технологијата ја убива креативноста ? – Дел од темите на AllWeb конференцијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.