get-in-ring

На 19.10.2016 година на Скопскиот саем, за време на ТЕХНОМА и МАКИНОВА и како предвесник на економскиот Самит на Македонија2025, се одржа финалето на натпреварот за стартап компании Get in the Ring 2016. Настанот беше организиран од страна на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Македонија 2025.

Најдобрите 8 тимови од Македонија се бореа за наградата која што значи учество на Get in the Ring Singapore и Startup Europe Awards. Победник беше тимот на Systems for Enterprise, компанија која е специјализирана за иновативни софтверски решенија за осигурителната индустрија, а второпласиран беше тимот на Gordian Sistemi DOO. Двете компании добија вредни награди.

Тимот на Systems for Enterprise
Тимот на Systems for Enterprise

Get in the Ring е натпревар кој има светско реноме, а во Македонија се одржува по трет пат. Натпреварот е арена за претставување на најбистрите претприемачи во Македонија, а има за цел најдобрите идеи да ги катапултира во светските натпревари.

Претходна статијаSamsung не сака корисниците да го гледаат видеото каде Note 7 се користи како бомба во GTA V
Следна статијаKodak Ektra е телефон наменет за фото ентузијастите