14957898_1702175670098841_4350888006417121280_n

Во периодот што следи Facebook апликацијата во ограничен број на земји ќе биде збогатена со нови филтри за сликите и видеата кои корисниците ги објавуваат.

Поточно, корисниците ќе можат да ги направат поинтересни своите слики и видеа преку додавање на филтри кои ќе ги направат да изгледаат како во некој од стиловите на познатите уметници. Сето ова ќе може да биде направено веднаш, односно и самите видеа ќе може да го добијат ефектот при снимањето.

Сепак, главната вест од оваа најава не се самите филтри, туку технологијата во позадина која го овозможува нивното аплицирање. Се работи за Вештачка интелигенција која го врши процесирањето на филтрите, односно препознавањето на пикселите и нивно преобратување.

14957890_1786782148250282_1625957228219465728_n

Технологијата која што ја презентираа од Facebook е наречена Caffe2Go и главната работа на оваа технологија е што може да работи од самиот мобилен уред. Со тоа се трга потребата да сликите или видеата прво бидат испратени до серверите на Facebook, па потоа вратени со вметнатите ефекти.

Ова не би било баш практично при снимање видеа и покрај големите брзини на мобилниот интернет кои се достапни денес, па би се појавила голема пауза при додавањето на ефектите. Токму поради тоа голем е успехот да целата технологија биде достапна во самата апликација, на самиот мобилен уред.

Од Facebook истакнуваат дека со Caffe2Go успеале да го намалат ВИ моделот за процесирање на сликите и видеата до 100 пати, со што е овозможено тој да функционира на самиот мобилен.

Како што истакнаа, можноста за додавање на ефекти е само еден пример како оваа технологија може да биде користена и секако не е единствената намена која е планирана. Оваа технологија може да се користи и за работи како контролирање на уредот преку гестикулации, препознавање на гримасите на лицето со цел извршување на одредени команди и слично.

Со ова Facebook покажаа до каде се со развојот на вештачката интелигенција, нешто на кое што работат повеќето поголеми ИТ компании во САД, но и светот.

Извор: Facebook, The Verge, Engadget

Претходна статијаGoogle е против користење на различни стандарди за брзо полнење на Android
Следна статијаMicrosoft ќе претстави нова to-do апликација и покрај Wunderlist
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.