listen

Се работи за фактички малку постара вест за која не сме сигурни колку е позната на нашите простори. Сепак, не се работи за вест која е неочекувана.

Мобилната апликација на Facebook преку микрофонот на телефонот слуша што се случува околу вас и тоа го преведува во машински јазик во компоненти наречени „отпечатоци“. Потоа овие отпечатоци ги споредува со податочната база на Facebook за да ви „помогне“ при „пишување на статус“.

Експеримент

За да го тестира ова професорката Кели Брнс од Универзитетот од Јужна Флорида направила мал експеримент. Таа од време на време дискутирала одредени теми околу телефонот и потоа увидела дека Facebook и` сервира реклами кои се поврзани со тие теми. Скоро веднаш по нејзиното зборување резултатите „магично“ се менувале и прилагодувале на темите на разговор.

Според нејзе можно е да самата таа имала пребарувања на тие теми и поради тоа да гледа поврзани резултати, а не поради шпиунирање на микрофонот.

Facebook шпиунира на големо

facebook-reactions-facebook

Сепак, знаејќи го Facebook ние би рекле дека такво нешто е малку веројатно. Имено, пред неколку години ја имавме „честа“ да дознаеме дека соработувале со PRISM програмот на NSA (иако Закерберг го негираше ова). Дополнително, самиот Закерберг не е претерано загрижен за приватноста на своите корисници (за разлика од својата).

Исто така, истечените муабети со негов пријател укажуваат на тоа дека Закерберг ги смета своите корисници за „глупаци“ („dumbf*cks“ во негов речник). И за крај, белгиската полиција ги предупреди белгијците да не користат „реакции“ на објави на Facebook бидејќи тоа овозможува полесно да им се сервираат реклами.

Во оригиналните коментари објавени од страна на Facebook околу ова шпиунирање преку микрофонот пишуваше дека Facebook не слуша сè што се случува околу вас туку „само“ тоа што го слушате или гледате. Потоа тоа се обработува во гореспомнатите отпечатоци кои се праќаат на споредба со базата. Ова се случува „само“ кога пишувате статус и ви нуди предлог за статусот (на пр. „Гледам Игра на тронови епизода XYZ“).

Нормално, од Facebook не кажуваат дали тие отпечатоци (за кои не сме баш сигурни дека само тогаш се прибираат) можат да се праќаат на споредба со базите на NSA и други разузнавачки агенции и преку тоа да разберат што разговарате.

На пример, муабетот со вашиот адвокат кога сте поставиле тужба против државата може „некако“ да се најде на масата на другата страна и да знае како да се брани уште пред да дојдете на рочиштето. Разговорите, пак, околу вашата здравствена состојба или гнев околу политичката ситуација лесно би можеле да се најдат таму каде што не треба и да ве означат како „лице од интерес“.

Земајќи го сето ова погоре, решението изгледа едноставно: избришете ја мобилната апликација или барем забранете и` го пристапот до микрофонот.

Дополнителни информации: Independent, Snopes, Geek

Претходна статијаLastPass екстензијата достапна на Microsoft Edge
Следна статијаСвечено отворање на Microsoft Showcase Classroom