facebook-mobile-1

Од финансиските резултати за третата четвртина од оваа година на компанијата, можеше да се види дополнителна информација која е интересна. Една милијарда корисници ја користат социјалната мрежа, само преку нивните мобилни телефони.

Приходите од рекламите кои Facebook ги има направено само од мобилните е поголем од вкупните приходи истиот период минатата година, односно 5,7 милијарди долари.

Оваа информација оди во правец на трендот кој веќе го знаеме, а беше истакнат и од агенцијата Zenith оваа недела. Корисниците се повеќе ги користат нивните телефони како главен медиум за пристап до интернет, а процентот само ќе се зголемува.

Ваквите информации во главно им користат на маркетинг агенции и огласувачите кои можат да ги искористат за прилагодување на нивната стратегија при настап на пазарот. Мобилните уреди веќе треба да бидат главната цел на огласувачите, односно нивните реклами да бидат соодветно прилагодени.

Претходна статијаMicrosoft Teams е новиот конкурент на Slack
Следна статијаОд визија до вистински успех – 3 години Singular во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.