Microsoft склучи договор за купување на најголемата професионална социјална мрежа LinkedIn во јуни оваа година за огромни 26,2 милијарди долари. За договор со оваа големина она што остана беше добивањето на одобрување од страна на властите, за што до оваа недела тоа беше направено во САД, Канада и Бразил.

Ова вторникот оваа недела, договорот е официјално одобрен и од Европската Унија, поточно од страна на Европската Комисија.

Со ова префрлувањето на сопственоста на компанијата и нејзиното функционирање под новиот газда, односно Microsoft, може непречено да продолжи.

Условите кои биле побарани од страна на Европската комисија со очекувани, односно се поврзани со можноста за креирање на монополска позиција на Microsoft преку можноста за интеграција на нивните сервиси, кои веќе не се малку.

Поради тоа, од компанијата се имаат обврзано дека ќе дозволат неколку работи во наредните 5 години, како што се можност за интеграција на Microsoft Office сервисите во конкурентни професионални социјални мрежи, можност за промовирање на конкурентните професионални социјални мрежи во Office продавницата и слично.

Останува во периодот што следи да видиме каков ќе биде резултатот од вклучувањето на LinkedIn во тимот на Microsoft, освен можноста корисниците на оваа платформа конечно да имаат и квалитетна апликација од сервисот.

Извор: Microsoft, Cnet

Претходна статијаSamsung презентира уште еден патент за смартфон кој може да се превитка
Следна статијаMalwarebytes 3.0 ги интегрира сите досегашни решенија во едно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.