Зимување за двајца во ски центарот Ischgl во Австрија, Dell лаптопи и телефони се наградите кои ИТД Дистрибуција ќе им ги додели на најсреќните учесници во новата наградна игра на компанијата “Dell доделува”.

Наградната игра ќе започне на 10.12.2016 и ќе трае до 31.01.2017 година. Право на учество во наградната игра ќе имаат сите кои во овој период ќе купат Dell лаптоп во продажните салони на партнерската мрежа на ИТД како што се: AMC, ANHOCH, NEPTUN, PC CONTROL, SOFT MAK, TELEKOM, VIP и многу други.

Со купувањето на Dell лаптоп во продажните места купувачите ќе добијат купон кој потоа треба да го пополнат со лични податоци и заедно со фотокопии од: фискална сметка, фактура или договор и гарантeн лист од ИТД Дистрибуција да ги испратат во бел плик со назнака “Dell доделува” на адреса ул.1552 бр.22, П.Фах 26, Визбегово, 1012 Скопје, Р. Македонија, најдоцна до 04.02.2017.

Извлекувањето на наградите ќе се реализира на 11.02.2017 година (сабота) во 13 часот во Скопје Сити Мол. Доколку сте планирале да се подновите со нов лаптоп сега е одличен период да го направите тоа, можеби токму вие ќе бидете среќниот добитник на една од наградите кои дефинитивно ќе ви го разубават почетокот на новата година.

Подетални информации за наградната игра може да се погледнат на официјалната web и Facebook страна на компанијата.

Претходна статијаIntel за прв пат претставува k модел во i3 серијата на процесори
Следна статијаWindows 10 десктоп ќе може да работи и на ARM процесори, заедно со сите x86 програми