Flock_Crops_optimized

Уште од најавата дека OnePlus работи на сопствена верзија од Android оперативниот систем се насети дека соработката со Cyanogen не оди во планираниот правец.

Соработката помеѓу овие компании започна со OnePlus One моделот од оваа компанија кој што ексклузивно дојде со Cyanogen OS оперативниот систем базиран на Android. Според луѓето од Cyanogen, токму оваа соработка беше и главната причина за брзата популарност на OnePlus One кој што прашање е колку ќе успееше сам.

Cyanogen OS е верзија од познатиот CyanogenMod, познатиот Android ROM кој што корисниците со години го инсталираат на своите уреди, на местото од оригиналниот оперативен систем. Поточно, CyanogenOS е систем наменет за производителите кои што ќе ги продаваат своите уреди со него прединсталиран од самиот почеток.

На Global Mobile Internet Conference во Пекинг, основачите на Cyanogen потврдија дека дефинитивно соработката со OnePlus е завршена. Причината според нив се различните гледишта кои што довеле до поголеми разлики во работењето.

OnePlus веќе го пушти својот оперативен систем OxygenOS кој што е базиран на Android 5.0 Lollipop, а корисниците можат да го симнат и флешуваат нивниот уред.

Инаку, Cyanogen моментално нема договор со некој друг производител, па се најавува таква соработка со кинеските производители. Кои ќе бидат тие уште не е познато, како и дали ќе видиме некое познато име на листата.

Извор: Android Authority, Ubergizmo

Претходна статијаSamsung повторно најголемиот производител на паметни телефони
Следна статијаFacebook со помалку или воопшто нови функции во Европа поради проблемите со ЕУ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.