CCleaner е една од најпознатите програми на Windows наменета за „чистење“ на компјутерот од привремените датотеки, како и од датотеките останати од програмите кои веќе не се користат.

Популарноста на програмата направи да истата биде проширена и на macOS и Android, а од компанијата нудат и уште неколку други програми и апликации за овие платформи.

Компанијата која стои зад развојот на CCleaner се вика Piriform и истата оваа недела ќе стане дел од познатата Avast.

Компанијата во овој момент не даде повеќе информации, односно не знаеме која е сумата во прашање. Она што знаеме е дека Piriform ќе продолжи да функционира посебно, производите ќе останат достапни.

CCleaner брендот одлично се вклопува во Avast, поради повеќе причини. Двете компании веруваат во високо квалитетни бесплатни производи. Луѓето нема да користат одреден производ само затоа што е бесплатен. Баш е спротивното, ако нудиш бесплатен производ, мора да ги убедиш луѓето дека твојот производ е бесплатен, меѓутоа не и евтин.

Сепак, очекуваме дека тоа ќе биде случајот само во првите неколку години, по што сигурно ќе дојде до некакво спојување под брендот на Avast.

Avast инаку е едно од најпознатите имиња во безбедносниот сектор. Тие стојат зад развојот на истоимениот безбедносен софтвер, којшто доби на голема популарност по пуштањето и на својата бесплатна верзија која се користи од милиони корисници низ светот.

Оваа компанија минатата година го купи својот конкурент AVG за 1,3 милијарди долари, па купувањето на Piriform само покажува дека работата им оди одлично.

Piriform инаку е компанија основана во 2004 година во Лондон. Нивниот главен производ се користи од страна на 130 милиони корисници, од кои 15 милиони се на Android платформата.

Извор: Avast, gHacks

Претходна статијаChrome OS добива редизајн наменет за дисплеите на допир
Следна статијаGalaxy S9 ќе има Infinity Display со читач за отпечатоци вграден во него
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.