Преку нова веб страна и 5 видео клипови, Apple ќе се обиде да ги мотивира Android корисниците да преминат кај нив, односно да купат iPhone.

Тоа го прават со истакнување на одредени предности коишто според нив ги има нивниот еко систем, а видео клиповите потсетуваат на сличната и позната кампања од компанијата каде ги споредува нивните Mac компјутери со Windows.

На страната достапна преку следниот линк, Apple ја истакнува предноста на iPhone преку одговарање на неколку прашања како:

  • Дали ќе биде лесно да се префрлам на iPhone ?
  • Дали камерата е добра како што кажуваат ?
  • Зошто е iPhone толку брз ?
  • Дали iPhone е лесен за користење ?
  • Како iPhone ми помага во заштита на моите лични податоци ?

Овие и слични прашања се разбира се одговорени со предностите кои од компанијата сметаат дека ги имаат над конкуренцијата. Според нив iPhone е едноставен за користење, многу побрз, не ги продава нашите податоци, има одлични апликации и повеќе.

Оваа разлика од Apple дополнително ја истакнуваат во серија од 5 нови видео клипови кои многу потсетуваат на сличната кампања за Mac vs. Windows. Во нив тие ги истакнуваат предностите на апликациите, брзината на работа, приватноста и слично.

Претходна статијаНаскоро пристигнуваат вистински 3D смартфони со холограми
Следна статијаLG X Venture е супер издржлив смартфон со просечни спецификации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.