Гигантот Apple планира своите продавници да ги претвори, како што велат, во новиот Starbucks за технологија. Се работи за комплетно нов концепт на продавница, односно искористување на просторот на начин не сосема својствен за традиционална продавница за технологија.

Првата ваква концептуална продавница Apple ја претстави во Дубаи, а истата вклучува место резервирано за одржување на состаноци или предавања, екрани и хардверска опрема и низа други содржини кои имаат за цел да создадат комплетно нова несекојдневна атмосфера.

Ваквата одлука на компанијата доаѓа од најлогичната причина, приходите. Имено, сервисите кои ги нуди брендот во своите салони бележат зголемени приходи, дури некогаш и поголеми од самиот производ кој со години е „знаменосецот“ на компанијата, мобилниот уред iPhone.

Водени од приходите, Apple всушност претставуваат нов концепт на работење и однос помеѓу компанијата и клиентите. Новите продавници дури ќе имаат и ново име кое ќе цели кон тоа да претстави дека се работи за повеќе од продажен салон.

Идејата позајмена од (во западните култури) популарните кафетерии кои во последно време станаа вистински работни места за младите креативци, ќе биде интегрирана во концептот на „Today at Apple“. На тој начин компанијата покрај продавањето на своите производи и сервиси ќе отиде и чекор понатаму, создавајќи заедница, односно втемелувајќи цела една суб-култура.

Извор: CNBC

Претходна статијаНаучниците открија „временски кристали“, кои може да се клучот за создавањето на квантни компјутери
Следна статијаMercedes влегува во бизнисот со акумулација на електрична енергија наменета за домаќинствата