Најновиот објект на Apple е вистинско архитектонско ремек дело. Неколку детали го прават многу поразличен од сите останати градби во светот. Како прво тоа е градба во облик на прстен со најголема квадратура на стаклени панели во светот. На горниот дел на зградата ќе има инсталирано 17 мегаватен соларен покрив, што ќе ја направи оваа зграда една од најголемите соларни инсталации во светот.

Покрај ова ќе го има и најголемиот природен вентилационен систем во светот, оттука нема да има потреба од греење или ладење на објектот цели 9 месеци во годината. Овој кампус којшто претходно беше познат како Apple кампус 2, официјално е именуван како Apple Park.

Аудиториумот кој што е составен дел од овој кампус ќе биде именуван Steve Jobs театар. Овој аудиториум ќе биде 6 метарски стаклен цилиндер со дијаметар од 50 метри и покрив изработен од јаглеродни влакна. Во овој „цилиндер“ ќе има инсталирано 1.000 седишта и ќе се наоѓа на највисоката точка од Apple Park со поглед на главната зграда. Се’ уште не се познати сите детали од овој најнов објект на Apple, но веќе почнуваме да имаме визија како тој ќе изгледа.

Во Apple Park кампусот ќе има центар за посетители со Apple Store и кафе бар за гостите. Компанијата започна да ангажира работници за овој кампус уште во ноември. Вработените ќе почнат да се „населуваат“ во кампусот во април оваа година. Преместувањето на 12.000 вработени ќе трае цели 6 месеци. Градежните работи ќе продолжат да се одвиваат и преку лето.

Извор: 9to5mac, Engadget

Претходна статијаMicrosoft го претстави Skype Lite во Индија – поедноставна верзија наменета за „послабите“ корисници
Следна статијаОткриени 7 планети со големина приближна на Земјата