iphone_passport_a1

iPhone е едно од најпознатите имиња во светот и скоро да нема човек којшто не е запознаен со овој бренд. Нема потреба од нагласување дека брендот ја доби својата популарност преку телефоните од Apple, па никој од нас и нема помислено дека можеби и други компании го користат името за нивни производи.

Сепак, доколку се очекува некаде тоа да биде случајот, сигурно Кина ќе биде меѓу главните можни локации. Поточно, кинеската компанија Xintong Tiandi Technology го има заштитено името IPHONE пред тоа да го направат од Apple.

Иако Apple први поднесуваат барање за заштита на името во 2002 година, а кинеската компанија тоа го прави дури во 2007, тие успеваат први да го добијат правото на трговска марка во 2010, нешто што Apple го добива во 2013.

Кинеските институции за патентирање, како и судовите одлучуваат дека Apple не може да добие ексклузивност во користењето на името, а истата одлука е потврдена и од апелациониот суд подоцна.

Објаснувањето е дека во времето кога кинеската компанија го добива правото за користење на името, iPhone телефонот се’ уште не бил присутен и популарен на кинескиот пазар, па нема докази дека производот на Apple бил препознатлив пред кинеската компанија да почне да ги продава своите производи.

Инаку, Xintong Tiandi Technology работи за изработка на кожни производи, меѓу кои и производи за мобилни телефони. Тие се задоволни од одлуката на судовите и нагласуваат дека би сакале да работата со Apple во развивањето на iPhone брендот.

Извор: The Verge, TNW

Претходна статијаXerox го поедноставува управувањето со боите за мастилните печатарски машини
Следна статијаБрутални историски настани што го инспирирале создавањето на „Game of Thrones“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.