Facebook Messenger, Viber, WhatsApp, Skype, Snapchat и уште колку не ги набројав тука. Апликации за разговори, покрај другото, сигурно не ни фалат како корисници, а може и да се каже дека ги има вишок.

Сепак, искуството покажува дека овие апликации се многу популарни, а тоа го покажуваат бројките на корисници кои тие ги имаат.

Порталот AFTVnews излезе со информација дека и Amazon планираат влез на овој доста популарен пазар, со нивна посебна апликација за разговори наречена Anytime.

Ова тврдење тие го објаснуваат со анкета за корисници која наводно Amazon ја прави за својата нова апликација, до која тие имаат дојдено преку еден од анкетираните. Искуството покажало дека ретко излегуваат вакви информации, па тие целосно да се покажат како грешни, па веруваме дека компанијата сепак спрема нешто во овој правец.

Според информациите, една од главните карактеристики на Anytime ќе биде поврзувањето на корисниците само преку нивното име. Тоа значи дека нема да има потреба од телефонските броеви, начин на којшто работат Viber и WhatsApp.

Од другите карактеристики, апликацијата треба да ги нуди сите функции кои се очекува од една ваква апликација, а ги има кај конкурентите. Корисниците ќе можат да разговараат преку текстуални пораки, аудио и видео повици, да разменуваат слики, стикери, комуникација со бизниси и слично.

Се разбира, претставувањето на една ваква апликација од компанијата како Amazon, нема да има целосно логика доколку истата не нуди одредена поврзаност со производите на компанијата. Корисниците сигурно ќе имаат начин како преку оваа апликација полесно да дојдат до производите кои ги нуди Amazon, како и до сервисите.

Мислам дека каква и да биде оваа апликација, главната база на корисници ќе ја има во САД. Не можам да се замислам себе да на листата од апликации кои ги користам, додадам уште една (оваа дилема ја имам со Google Allo).

Извор: Engadget, TechCrunch, AFTVnews

Фото: AFTVnews

Претходна статијаSamsung претстави LED дисплеј со големина од 10,3 метри наменет за кино салите
Следна статијаAtari ги откри првите фотографии од својата нова (ретро) конзола
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.