Alphabet_Inc_Logo_2015

По објавата на финансиските резултати за минатата година, Alphabet, новата холдинг компанија во којашто влегува Google, стана и највредната компанија во светот. Првото место го преземаат од Apple којашто го држеше од 2009 година.

По последните тргувања со акциите на компаниите, добрите вести за работата на Alphabet, достигнуваат доволно висока цена за вредноста на компанијата да се процени над 550 милијарди долари.

Вредноста на Apple е проценета на нешто помалку од 540 милијарди долари, со што паѓа на второто место.

Ваквиот развој на настаните е до некаде и очекуван. Покрај тоа што Apple повторно покажа рекордни приходи и профит за минатата година, продажбите на нивниот главен производ, iPhone не бележат посебен раст.

Очекувањата се дека оваа година може да се очекува и пад на продажбите, па повеќе анализи истакнуваат дека Apple ќе мора да преземе нешто ако не сака да почне да ја намалува својата популарност. Потребно е претставување на нов производ којшто ќе направи поголема разлика на пазарот, како што тоа беше случајот со првата генерација на iPhone.

Од друга страна, Alphabet објави дека нивниот главен бизнис, односно тој на Google, бележи раст во сите области.

Извор: The Verge, WSJ, TechCrunch

Претходна статијаWindows 10 стана „Препорачана“ надградба во Windows Update
Следна статијаMicrosoft ја купи познатата SwiftKey
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.