Не престанува хајката против кинескиот гигант Huawei. Челниците на шест безбедносни служби од САД ги обедини ставот дека мобилните уреди произведени од Huawei се закана за безбедноста.

Според пишувањето на CNBC, кој се смета за практично гласило на американската Длабока држава, самиот врв на највлијателните безбедносни служби во САД смета дека граѓаните не би требало да користат уреди произведени од компаниите Huawei и ZTE.

Ваквиот став се темели на слабо издржаната теза дека кинеската влада врши масовна шпионажа со помош на оваа технологија. Комисијата која го изнесе ваквиот став ја сочинуваа и првите луѓе на FBI, CIA и NSA. Ваквите наводи не се воопшто нови. За потсетување американскиот Конгрес разгледува можност да им забрани на своите вработени да користат уреди од споменатиот производител.

Меѓутоа, се чини дека она што ги „боли“ американските законодавци е нешто сосема поинакво. Имено, компанијата е една од најбрзо растечките во областа на технологијата, а пред извесно време го надмина Apple во производството на мобилни телефони. Со тоа се смести на второто место веднаш зад Samsung, кој исто така не е американски бренд.

Уредите кои компанијата ги произведува се со врвен квалитет и перформанси, а се продаваат по пристапни цени. Нема да биде прв пат САД и нивните служби за безбедност да прогласат за државен непријател некој кој е едноставно подобар од нив на некое поле.

Дополнително иронично е што земјата која ја тресат скандали за масовна шпионажа на сопствените граѓани измислува надворешни виновници.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаЗвучната интеракција со уредите е иднината. Но кога поточно?
Следна статијаARM го претстави Project Trillium кој ветува револуција на полето на ВИ