9.6.2017. – Xerox денес воведува нова серија на производи, повеќе функционални принтери Xerox®VersaLink®B7025/B7030/B7035, во рамките  на портфељот ConnectKey®кој го претставија порано оваа година. ConnectKey технологијата на Xerox ги претвара традиционалните принтери во паметни, поврзани помошници на работното место кои ги одразуваат растечките потреби на денешните претпријатија.

Фамилијата на производи VersaLink носи сигурни, поволни и веднаш достапни мобилни можности кои се идеални за мали и средно големи работни групи и тимови кои работат од различни локации. Серијата се одликува со брзина на испис од 25 ppm до 35 ppm и брзина на скенирање до 55 ipm, еднобојно или повеќебојно и на купците им овозможува да изберат принтер кој највеќе одговара на нивните потреби во поглед на продуктивноста.

На секој апарат вградена е површина со десктоп на допир како кај таблетите која може да се прилагоди за различни работни опкружувања или корисници. Во галеријата на апликации на Xerox за нив се понудени вградени апликации кои можат да и помогнат на организацијата во прилагодбата на работните текови на своите потреби.

Серијата VersaLink B7000 има широки безбедносни карактеристики наменети за заштита на ранливите точки. Тие ги заштитуваат принтерите и податоците во секој дел од податковниот синџир вклучувајќи испис, копирање, скенирање, факсирање, превземање на датотеки и системски софтвер.

Цени и достапност

Серијата Xerox VersaLink B7000 е веднаш достапна.

Претходна статијаПрви фотографии од OnePlus 5 – неодоливо наликува на iPhone 7 Plus
Следна статијаБесплатна понуда од 6 месеци за дополнителни пакети на neoTV