WIZZ_Logo_version_1

Скопје, 27 септември 2016: Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, денес го најави лансирањето на новата тренинг програма на Wizz Air во партнерство со БАА Тренинг.

БAA Тренинг беа одбрани да обезбедат прилагодни решенија за големата побарувачка на WIZZ за идните пилоти. Овој договор од 5 години ќе регрутира до 150 кадети и ќе бидат доставени согласно со прописите на EASA да обезбеди Wizz Air со ATPL постдипломски интегрирани пилоти.

WIZZ моментално брои повеќе од 800 вработени пилоти во 25 бази низ Централна и Источна Европа и го зголемува тимот на пилотите со повеќе од 200 пилоти секоја година. Авиокомпанијата бара страствени и посветени млади луѓе кои имаат мало или немаат претходно искуство со летање и кои сакаат да се приклучат на мотивираниот тим и тимот од професионалци со високи стандарди.

Програмата ќе се фокусира на учење и развивање на вештини кои се релевантни и насочени кон оперативните потреби на Wizz Air, и со гаранција за работа за оние кои успешно ќе го завршат курсот, ќе им овозможи на дипломираните студенти да се приклучат на авиокомпанијата директно како ко-пилоти и да летаат со Airbus A320 и A321 авиони од мрежата на WIZZ.

За повеќе информации погледнете на: https://www.baatraining.com/are-you-a-future-wizz-air-pilot-join-cadet-program/

Diederik Pen, Главен оперативен директор на Wizz Air вели: Во WIZZ знаеме дека луѓето се срцето и душата на компанијата. Поради тоа почестени сме да лаунчираме посебна програма за кадети со БАА Тренинг, нудејќи извонредна можност за една цела нова генерација на пилоти да ја започнат својата кариера во WIZZ. Wizz Air програмата за кадети не само што обезбедува сеопфатна обука за идните пилоти, туку доколку тие ги исполнуваат сите барања, тие ќе се приклучат во семејството на WIZZ и ќе летаат со нашите  Airbus A320 и A321 авиони. Лаунчирањето на програмата на кадети на Wizz Air е многу важно поглавје во историјата на WIZZ и очекуваме да го пронајдеме нашиот иден талентиран екипаж.”

Претходна статијаНеодолива понуда со neoTV
Следна статијаXiaomi ги лансира супер моќните Mi 5s и Mi 5s Plus