Tesla

Tesla

Tesla отпушти стотици вработени по извршениот годишен преглед на остварувања. По примерот на многу други компании ваквиот начин на самоевалуација се спроведува и во познатата Tesla.

Се работи за преглед на активностите и достигнувањата од изминатите година дена. До нив се доаѓа преку дискусија на менаџерот и вработените. Ова претставува пресек на успесите на компанијата за период од година дена и начин активно да се оствари комуникација помеѓу членовите на тимот и менаџментот. Преку овој систем често пати доаѓа до реформирање на персоналот на компаниите, унапредувања, а почесто и отпуштања.

Според информациите кои ги обелодени TechCrunch се работи за бројка помеѓу 400 и 700 вработени на кои им била покажана излезната врата од компанијата. Иако ова можеби звучи како голема „перестројка“ се работи за вообичаена рутина. Tesla бележи неверојатни резултати на берзите ширум светот и како компанија го зацврстува своето лидерско место во индустријата.

Очигледно дека честата смена на вработените е дел од тактиката на Tesla и првиот човек Елон Маск. Веројатно ваквите бранови отпуштања влијаат позитивно на ентузијазмот на вработените кои за возврат максимално се трудат да го оправдаат своето место во така голема компанија. Тешко убедливо, меѓутоа очигледно функционира.

Извори: TechCrunch, The Guardian

Претходна статијаВознијак основа он-лајн универзитет
Следна статијаСистем за „негативна емисија“ на CO2 е иднината на борбата со климатските промени