Tesla планира да ја прекине продажбата на нивниот најевтин автомобил Model S 60 и Model S 60 D, почнувајќи од 16-ти април оваа година. Овој нивни модел започна со продажна цена од 68.000 долари и нуди 60 киловатна батерија. Сега Model S возилата ќе бидат достапни само со 75 киловатни батерии. Главната причина за ова е фактот што сопствениците на овој модел плаќаат дополнителни средства за надградба на нивната батерија од 60 на 75 киловати. Инаку Model S со 75 киловатна батерија се продава за 74.500 долари.

Инаку Tesla Model 3 којшто започна со производство и треба да биде пуштен во продажба оваа година, ќе има вградено батерија која што е помала од 60 киловати. Но овој модел од една страна е со помали димензии и полесен од Model S, а од друга страна ќе стартува со цена од 35.000 долари.

Батеријата од 60 киловати всушност е батерија од 75 киловати, но е „заклучена“ со софтвер за да функционира како 60-ка. Надградбата која што е самоиницијативна од страна на сопствениците е всушност ослободување на нејзиниот целосен потенцијал, преку надградба на софтверот. Можеби овој потег на Tesla е на некој начин признавање на сопствена грешка, пред се поради тоа што нема произведено 60 киловатна батерија која што доколку не се искористи според планираното за Model S, ќе може да се употреби за некој друг модел во иднина. Tesla преку соопштение ги известува корисниците дека доколку сакаат Model S 60 или 60 D, да ја направат својата нарачка до 16-ти април оваа година.

Извор: CNBC, DailyDot

Претходна статијаСамостојните уреди за виртуелна реалност на “Qualcomm” пристигнуваат во втората половина на 2017
Следна статијаУште една жртва на Литиум-јонските батерии