Поминаа 10 години од основањето на една од најбрзо растечките компании во светот. Со сигурност можеме да кажеме дека Tesla се претвори во една од најуспешните компании за релативно краток временски период. Оваа компанија го постигна успехот кој што нејзиниот основач Elon Musk го најавуваше и го посакуваше при нејзиното основање во 2006 година.

Elon Musk првиот мастерплан го направи во 2006, и гордо може да каже дека неговото спроведување е во завршна фаза. Овој план воглавно се сведува на неколку најважни работи, прво креирање на мал спортски електричен автомобил кој неизбежно ќе биде скап. Со парите од продажбата на овој автомобил да се креира фамилијарен седан кој ќе се продава по значително пониска цена, а потоа парите од заработката од ова возило да се вложат во создавање на електричен автомобил кој ќе се продава по цена достапна за многумина.

Тие што се запознаени со работата на Tesla знаат дека во фокусот на оваа компанија не се само електричните автомобили. Голем дел од времето и парите ги вложуваат во изнаоѓање на решенија за добивање зелена обновлива енергија. Доказ дека се успешни и во оваа насока се соларните кровови и ќерамиди кои што ги претставија пред скоро време од една страна, и Powerwall батериите кои се користат во домовите од друга.

Доказ за успешноста на Tesla и Elon Musk секако е бројот на нарачки на нивниот најнов електричен автомобил Model 3. Овој број изнесува огромни 373.000 нарачки од страна на луѓе кои што никогаш не го испробале овој автомобил и ќе го добијат истиот дури во 2018 година.

Знаејќи дека ги исполнија сите нивни ветувања во изминатиов период, тогаш едвај чекаме да ги исполнат ветувањата што ги дадоа за наредната 2017 година и понатака.

Извор: Tesla, Engadget

Претходна статијаFacebook Messenger доби можност за групни видео разговори
Следна статијаБезбеден и персонален Cloud со Network Attached Storage (NAS)