Скопје, (21.12.2016) Superbrands како глобален авторитет во областа на брендингот ги додели признанијата за најсилните пазарни марки во Македонија за 2015та и 2016та година во среда, 21.12.2016 година, на свечена церемонија. Oваа меѓународна организација во Македонија за прв пат ги круниса со знакот на Superbrands компаниите, организациите и личностите од Македонија во 2009та година и од тогаш цели кон истакнување на најзначајните карактеристики кои секој бренд треба да ги негува.

„Компаниите, производите и лицата кои се прогласени за Superbrand се вивнаа во вселената и освоија нова димензија на универзална препознатливост. Тие сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности. Со тоа што компаниите го носат знакот на Superbrand светските и домашните потрошувачи имаат повеќе доверба во нивните производи и услуги и тие можат полесно да освојуваат нови пазари.“ истакна Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија. На свеченото доделување на признанијата беше претставено и новото издание на Superbrands публикацијата во која секој бренд ја раскажува својата успешна приказна. Саздовски додаде дека публикацијата нуди многу фасцинантни увиди  во тоа како поединечни брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес. Сите добитници ќе можат да ја користат публикацијата во маркетинг цели, а истата ќе се достави до сите амбасади, конзулати и различни други претставништва. Над 156 претставништва на Македонија низ светот ќе можат да ги промовираат супербрендовите од Македонија.

Во Македонија има околу 15.000 имиња на фирми и производи. Околу 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 28 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој беше изготвен во соработка со водечките маркетиншки компании и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и потрошувачите. Само најпрепознатливите и најдобрите го добија знакот на Superbrand.

7 – ца, Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, Солета, Специјал, Теа Модерна, Телеком, Трансмет, УТМС, Жикол и Жито се брендовите кои станаа дел од соѕвездието на Superbrands. Најголемата ѕвезда која го доби признанието за Superbrand беше најдобриот македонски и интернационален ракометар, Кире Лазаров. Неговиот придонес за спортот во Македонија и пошироко не познава граници и со ова признание додатно се зацврстува спортскиот кредибилитет и авторитет на најдобриот македонски ракометар.

Претходна статијаHTC најави голем “For U” настан на 12 јануари
Следна статијаMicrosoft Edge ќе го користи Google-овиот Brotli алгоритам за компресија на веб страните