jcsatlaunch2

По конечно направеното успешно слетување на нивната Falcon 9 ракета на дрон брод/платформа во океан, SpaceX истото повторно го направи минатата недела. Со тоа тие покажуваат дека овој тип на слетувања ќе бидат нешто остварливо, па ќе може да се очекува во иднина да претставува стандарден начин за вселенските мисии.

Овој пат мисијата за која била користена ракетата вклучувала поголем товар, но и поголема брзина на слетување. Поради тоа од SpaceX не очекувале слетувањето да биде успешно, па биле спремни за уште едно уништување на ракетата.

Инаку, SpaceX биле ангажирани од страна на јапонска компанија за носење во орбитата на JCSAT-14 комуникацискиот сателит. Мисијата била целосно успешна, односно покрај слетувањето, товарот исто така бил успешно поставен каде што треба.

Главната цел на SpaceX е да може да ги слетува своите ракети на брод во океан. Тоа ќе овозможи значително намалување на трошоците на мисиите, поради помалата оддалеченост која ракетата би ја поминала доколку не мора да се врати на локацијата од каде што била лансирана.

Инаку, основниот концепт е ракетите да може да слетаат, па со тоа повторно да може да се искористат. Тоа не е случајот со ракетите кои досега се користеа од страна на NASA и другите агенции, па трошоците за мисиите беа огромни поради потребата од производство на нова ракета за секоја мисија.

Во продолжение можете да го погледнете видеото во кое е снимена целата мисија на SpaceX, односно од полетувањето, оставањето на товарот, па успешното вертикално слетување.

Извор: BBC, Ubergizmo

Претходна статијаUnaPhone Zenith е толку безбеден смартфон што нема да може ниту да инсталирате апликации на него
Следна статијаGoogle Chrome конечно го презема првото место меѓу интернет прелистувачите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.