SpaceX успешно ја лансираше и 14-тата Falcon 9 ракета оваа година. Утрото на 9-ти октомври од Ванденберг воената база во Калифорнија, успешно беше изведено лансирањето на ракетата. Таа со себе понесе 10 сателити на телекомуникациската компанија Iridium во орбитата.

Ова е веќе трета мисија на SpaceX, во служба на телекомуникацискиот гигант Iridium. Дополнително се очекуваат нови мисии со кои ќе се комплетира сателитската мрежа на Iridium NEXT.

При лансирањето од SpaceX успеале да го сочуваат засилувачот потребен за првата фаза на лансирањето. Деловите од ракетата се склони на оштетување и уништување, а нивната цена е далеку од мала. Meѓутоа, една од работите со кои SpaceX може да се пофали е нивната ефективност при зачувување на овие вредни делови. Дополнителен доказ за тоа е фактот дека 14-то лансирање на Falcon 9, само годинава.

Примарна задача на овој потфат беше доставување на сателитите во посакуваната орбита околу земјата. За тоа, на SpaceX им беше потребно помалку од 1 час од иницијалното лансирање.

Компанијата во иднина планира нови лансирања кои ќе доставуваат сателити за други клиенти. Наредното е закажано за 11-ти октомври од Kennedy вселенскиот центар на Флорида. Тоа лансирање ќе биде исто така реализирано со употреба на претходно користени делови, приспособени за повторно експлоатирање.

Извори: TechCrunch, Space.com

Претходна статијаСо нов квантен процесор од 17 “qubits”, Intel најавува масовно производство
Следна статијаApple работи со LG на свитлив дисплеј за iPhone