Често се прашуваме што е тоа што ги прави градовите убави и примамливи за минувачите?

Дали е архитектурата, пејзажот или неговите жители? Можеби е тоа нешто едноставно како бојата.

Шарен град е среќен град. Замислете го својот град во ведри и впечатливи бои, зарем не би било фантастично да живеете во него?

Од скоро Скопје стана дел од тие шарени градови што поседуваат мали, шармантни и досетливи ќошиња кои во себе кријат мали, но слатки објекти со магента боја, како дел од некоја шеќерна приказна.

Скопјани не знаат за што точно се работи, но секако оваа луцидна иницијатива предизвикува восхит и ведрина кај минувачите. Погледнете ги само магента гулабите што слетаа на плоштад Македонија или клупата на која е истурен магента прав. Дел од спомениците во градскиот парк се исто така дел од оваа приказна што преку Lenz апликација овозможуваат прегледување на нови, ексклузивни содржини за виртуелниот бенд Gorillaz.

Оваа иновативна апликација им овозможува на корисниците на Македонски Телеком да искусат една сосема нова димензија, a може да се симне бесплатно преку Google play и App Store.

Апликацијата ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржините на Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.

Претходна статијаСвечено доделување на наградите од првото полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“
Следна статијаРуска компанија прави нова, супер безбедна платформа за четување, пандан на Skype