Формирање на заедници кои се целосно независни од државата и другите поголеми градови, во денешно време звучи речиси невозможно, иако им по некој пример. Токму ова е целта која компанијата ReGen сака да ја постигне во иднина и тоа во многу блиска иднина, и да стартува со првиот проект веќе во 2018 година.

Овие таканаречени села или ReGen села, сами ќе произведуваат не само храна туку и енергија. Производството на храна ќе биде слично на традиционалните рурални средини кои до ден денес функционираат, додека пак производството на електрична енергија ќе се темели на обновливите извори.

Разликата помеѓу овие ReGen села и традиционалните рурални средини денес е во тоа што ќе бидат уредени слично на модерните авении кои ги среќаваме во големите градови.

Првиот проект од овој тип планирано е да се реализира во Almere Холандија, а ќе стартува во 2018 година. Жителите на овие села ќе имаат сопствени стаклени градини каде што ќе одгледуваат свои производи, додека пак соларни панели ќе ги снабдуваат со електрична енергија без да имаат штетно влијание на околината и на природата.

Секое вакво село ќе може да вдоми 100 фамилии и ќе може да обезбеди храна за задоволување на од 50 до 100% од потребите на овие фамилии. Секој недостаток на храна самите жители ќе може да го дополнат со нивното лично производство.

Според компанијата овој нов проект ќе има неколку значајни вредности, како што се финансиска, еколошка како и социјална вредност. Жителите на овие села ќе станат дел од локален еколошки систем, повторно ќе се поврзат со природата и со процесот на конзумирање и производство.

Извор: 3Tags, ReGenVillages

Претходна статијаСтуденти го користеле Touch Bar-от кај MacBook Pro за препишување
Следна статијаСветлината од дисплеите на уредите има негативни ефекти на сонот и здравјето