Во Македонија функционираат преку 500 фирми кои се бават со продажба и монтажа на ПВЦ прозорци. Некои од нив нудат прозорци нагласувајќи дека се со профили од познати германски производители како Трокал, Саламандер, Рехау, Века или други, без притоа да ги информираат клиентите дека профилот не е единствениот составен елемент што го дефинира квалитетот и цената на прозорот. За да еден прозорец биде функционален, долговечен и обезбедува одлична изолација од голема важност се и останатите елементи: термопан или стаклото, железо во ПВЦ профилот и оковот. За да знаете дали сте добиле добра понуда и цена за ПВЦ прозор, треба да го знаете квалитетот на сите елементи од прозорот. Исто така подеднакво важно е искуството на монтажната служба и дали компанијата изведувач дава писмена долгогодишна гаранција.

Прозорците ја имаат главната улога во заштедата на топлинска енергија. Според истражувањата ова се загубите на топлина во едно просечно домаќинство.  Загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлината од домот.

Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Замената на прозорците отвора и други трошоци  како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна. Прозорот може да биде украс во просторот и да му даде посебна димензија, но најважно е да овозможи изолација, а со тоа и  комфор во домот. Uw= 1.0 W/m2K е бројка која означува коефициент на топло пропустливост и истата е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори.

Затоа од особена важност е на кого ќе ја дадеме довербата, и ќе бидеме сигурни дека и после многу години изведувачот ќе биде уште присутен на пазарот за да може да ни ја обезбеди гаранцијата и да ни ги сервисира прозорите доколку има потреба. Прозорите од понудата на Проспера се составени од докажани профили, окови и термопани.  Склопени се на најсовремени CNC машини со минимално учество на човечки фактор со што грешките се минимизирани. Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и добар избор на ПВЦ прозори со имитација на дрво или прозорци од масивно дрво кои ќе му дадат топлина на просторот. http://prospera.com.mk/.

Гаранцијата во Проспера е 10 години за профилот, 5 години за оков и 5 години за термопанот. Монтажата ја прават лица со големо искуство во монтажата на ПВЦ столарија.  Има интересен податок дека монтажерите на Проспера само во текот на 2016 година монтирале над 10.000 м2 прозорци. Прозорцитете ги поставуваат и нивелираат правилно, се монтираат по пропишани стандарди за да се добие очекуваната функционалност. Правилното и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена е важно за изолацијата, како и правилната опшивка околу прозорците, што придонесува да има добра изолација и спречување на влага.

За да можеме да процениме дали една понуда за ПВЦ прозори е добра, треба да знаеме малку повеќе и за останатите елементи од прозорот, а не само за профилот:

  • Термопанот завзема поголема површина од профилот (околу 80% од прозорецот отпаѓа на стаклото) и има најголем удел во изолацијата на целиот прозорец. Стаклото задолжително треба да биде нискоемисионо или 4 сезони, пожелно е полнењето помеѓу стаклата да биде со аргон. Трослоен термопан има поголеми изолациски својства од двослоен  термопан. Исто така поголем простор помеѓу стаклата има удел во изолациските својства на термопанот, трослоен термопан од 36 мм и трослоен термопан од 50мм немаат исти изолациски својства. Експертите ги препорачуваат стаклата  произведени од Guardian, Американска компанија која е светски лидер во производство на специјални стакла, со свои фабрики во 25 држави на 5 континенти. 
  • Железо во ПВЦ профил се става за да ја зголеми цврстината и стабилноста на ПВЦ профилот. Без железо прозорецот би се кривел и не би функционирал исправно. Во Проспера во секој прозорец поголем од 50цм се  става железо со дебелина од 1,2 до 2мм зависно од димензијата на прозорот.
  • Оковот има најголемо влијание во функционалноста и безедноста на прозорецот. Експертите  препорачуваат прозорци  со оковот winkhaus  acivepilot, последна класа на оков од брендот winkhaus, произведен во Германија, кој овозможува висока класа на сигурност против кражби.
Претходна статијаGalaxy Note 8 ќе биде претставен на 23 август?
Следна статијаFacebook започнува со помасовно тестирање на реклами во Messenger