Tesla Model 3 е можеби еден од најочекуваните автомобили од оваа компанија, која и така нема проблеми со популарноста на своите производи.

Причината поради која што Model 3 е толку очекуван, нарачани се повеќе од 400.000 автомобили кои треба да бидат испорачани на клиентите, е цената по која се продава. За разлика од другите модели, Model 3 е направен да биде многу подостапен за широката публика, па ќе се продава за цена од само 35.000 долари, во САД се разбира.

Оваа цена можеби не е ниска кога ќе помислиме за тоа што значи ниска цена во Македонија, меѓутоа за автомобилите како тие на Tesla, кои вклучуваат многу нови технологии, како и веќе одличен бренд, цената е одлична.

Производството на овој модел конечно е започнато, па првиот произведен автомобил го прикажа токму сопственикот Елон Маск. Првото место не беше резервирано за него, меѓутоа сопственикот се откажа и му го отстапи на Маск.

Од сликата може да се види дизјанот на автомобилот, меѓутоа информации за тоа какви карактеристики ќе има, се’ уште не се објавени. Претпоставките се дека автомобилот ќе дојде со батерија која ќе овозможи барем 350 километри со едно полнење, како и останатите работи по кои се карактеристични Tesla автомобилите.

За користење на авто пилотот, еден од најновите системи во Tesla, корисниците најверојатно сепак ќе треба да доплатат од основната цена.

Извор: The Verge, TechCrunch, TechRadar

Претходна статијаLG: 18:9 екраните ќе бидат новиот стандард кај смартфоните
Следна статијаiPhone 8 ќе има варијанта со изработка како огледало
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.