flag-1463488_640

Дискусијата за приватноста веќе е стандардна работа, а за повеќето веќе е јасно дека во време на интернет, не може да сметаме на неа како на нешто сигурно и достапно за сите. Откритијата на Сноуден и слични ситуации, покажаа дека властите се и повеќе од заинтересирани да имаат пристап до сервисите на корисниците.

Се разбира, работите не се никогаш до тој степен лоши како што сакаат да се претстават, па така овие откритија не значат дека властите ги читаат пораките и друга содржина од сите корисници. Проблемот во оваа практика е што остава огромен простор за злоупотреба, па не знаеме кога истата би станала посериозен проблем, како и колку пати до сега веќе била проблем.

На западот барем, дискусија се води околу тоа колкав пристап би требало да имаат властите во нивната борба против криминалот и тероризмот, без притоа да навлезат во нарушување на приватноста на останатите.

Во Русија работите одат во малку подруг и подиректен правец. Во процедура во долниот дом на рускиот парламент е предлог закон според кој ќе биде задолжително апликациите за комуникација кои нудат енкрипција да овозможат заден пристап за властите.

Со оглед на популарноста на оваа тема, веќе повеќето познати апликации за комуникација како Viber, WhatsApp и слични нудат енкрипција на разговорите, а доста популарни се и апликации кои се направени специјално за да понудат заштитена комуникација.

Овие компании, според предлог законот ќе може да бидат казнети со до 15.000 долари доколку не им овозможат пристап до разговорите на руските власти.

Во дискусијата за законот една од сенаторките дури предложува поголема контрола на апликациите за комуникација со воведување на филтрирање на пораките, односно властите да може да одлучат за што корисниците ќе може да разговараат. Ова е навистина „интересен“ предлог.

Извор: DailyDot, TechSpot

Претходна статијаРецензија: Lenovo Vibe C е солиден паметен телефон за оние со поплиток џеб
Следна статијаHuawei P9 Lite – големиот наследник на најдобриот смартфон од средната класа за 2015 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.