Постојат многу луѓе кои би сакале Concorde да се врати на старите славни патеки од минатото. После цели 13 години, последниот направен Concorde е повторно во акција. Сепак овојпат нема да лета и со суперсонична брзина да превезува патници, туку ќе биде сместен во неговиот нов дом во Бристол, Велика Британија. Новиот дом е музејот Aerospace Bristol чија што изградба чини цели 16 милиони фунти, а неговото отворање се очекува да се случи ова лето.

Откако ќе биде отворен музејот, луѓето ќе можат да влезат во него, да почувствуваат како би било да се патува со Concorde доколку во минатото немаат летано со овој авион. Инаку Concorde служеше за превоз на богатите најчесто помеѓу Њујорк, Париз и Лондон помеѓу 1977 и 2003 година. Овој конкретен модел наречен Alpha Foxtrot е всушност последниот направен Concorde, воедно и послениот кој што летал помеѓу Лондон и Бристол во 2003 година. Изработен е во аеродромот Филтон во Бристол во 1979 година. После цели 13 години од неговото приземјување на овој аеродром, пренесен е во музејот којшто е на оддалеченост од само 400 метри. Инаку музејот се гради врз хангар од првата светска војна. Неговото последно патување траеше околу 20 минути, а мала група на граѓани се собраа да го проследат преместувањето.

Во 70-тите години на минатиот век, изработени се вкупно 20 Concorde авиони. Од овие 20, 18 сеуште постојат и се наоѓаат во музеи во САД, Франција, Велика Британија, Германија итн.

Извор: CNet, BBC

 

Претходна статијаВремето поминато пред компјутер може да загрее нечиј дом
Следна статијаWestern Digital разви 3D NAND чипови со двоен капацитет, кои ќе ги намалат цените на SSD дисковите