Во Парк Хотел и Спа, официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, којашто го прави хотелот, единствен од ваков тип во Македонија. На настанот беше присутна и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата која го употреби новиот полнач.

Во Парк Хотел и Спа се одржа конференција, на тема: Проект » Edison eSkopje «, во соработка со Сојузот на Ротари Клубовите од Македонија. На конференцијата имаше кратко излагање Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, а тематска презентација имаше Изток Селјак – Хидриа / Словенија – »Edison eSkopje« и Марко Фемц претставник од Планет – нет / Словенија.

Со оваа инвестиција Парк Хотел и Спа, се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network) која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.

“Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови – изјави Изток Селјак, координатор на проектот Едисон“преку кој се очекува да се електрифицираат автопатишатата во регионот. Токму затоа е формиран проектот „Едисон“ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зеленитакси, каршеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри„ – изјави Изток Селјак.

“Парк Хотел и Спа продолжува со еко проекти кои влијаат позитивно на животната средина Постојано воведуваме технолошки новини во работењето и спроведуваме низа на активности за превенција од дополнително загадување на животната средина и подобрување на истата. Oпштествена одговорност за нас претставува дејствување пошироко од рамките на националните закони и општесвени легислативи. Во оваа насока ние внимаваме како нашето дејствување влијае на нашите вработени, посетители, општествената заедница и животната средина.„  – изјави генералниот менаџер наПарк Хотел и Спа, Панајотис Колокатис.

За повеќе информации за електричниот полнач и за еко проектите на Пакр Хотел и Спа погледнете на http://parkhotel.mk

Претходна статијаMicrosoft Surface Book 2 – помоќен наследник со поголем избор
Следна статијаZTE Axon M има два екрани на преклоп и може да се користи како мобилен или мал таблет