Burj Khalifa во Дубаи е највисоката зграда во светот која е цела во стакло и е изложена на силни ветрови и екстремно високи темпертури поголеми од 50° целсиусови.  Зградата е целосно застаклена со нискоемисионите стакла од Guardian кои се супериорни во однос на изолацијата и квалитетот што го нудат. Guardian е Американска компанија која е светски лидер во производство на специјални стакла, со свои фабрики во 25 држави на 5 континенти.

Нискоемисионите стакла со меко покритие од Guardian можат да достигнат коефициент на топлопропустливост до  Ug=0.5 w/m2k. Колку за споредба стандарден термопан 24мм со флот стакла има коефициент на топлопропустливост Ug=2.7 W/m2K

Над 80% од прозорецот отпаѓа на стаклото, поради што термопанот ја дефинира и изолацијата на целиот прозорeц. За подобра изолација стаклата задолжително треба да бидат нискоемисионо или 4 сезони, подобро е кога полнењето помеѓу стаклата е со аргон наместо со воздух. Термопан со 3 стакла има поголеми изолациски својства од термопан со 2 стакла. Исто така поголемо растојание меѓу стаклатата има удел во изолациските својства на термопанот, термопан со три стакла со дебелина од 36 мм и термопан со три стакла со дебелина од 50мм немаат исти изолациски својства.

Во Проспера се нудат термопани од Guardian со три стакла со дебелина 50мм, нискоемисиони и 4 сезони стакла, со полнење аргон, исто така во понудата Проспера има термо дистанционери помеѓу стаклата наместо ладни алуминиумски дистанционери. Ваков термопан е со коефициент на пропустливост на топлина  Ug=0.5 W/m2K. Сите прозори во понудата на Проспера се нискоемисиони и 4 Сезони стакла се со меко покритие (нова генерација на нискоемисиони стакла од Guardian кои имаат подобри изолациски својства за разлика од старите типови на нискоемисиони стакла со тврдо покритие).

Претходна статијаSamsung работи на смартфон со заоблен екран на сите страни
Следна статијаКритична маса #60: Мојата патека не е паркинг