Многу работи кои моментално се случуваат во сообраќајот, особено во големите градови, треба да се променат во најскоро време. Колку повеќе автомобили на улиците толку поголемо загадување на воздухот и гужви кои знаат значително да го отежнат функционирањето на самите градови, што значи и непотребно трошење на време, па дури и пари на возачите.

Една од работите кои што можеме да ги промениме во врска со овој проблем е делење/изнајмување на автомобилот со повеќе луѓе. Многу често се случува соодносот еден човек еден автомобил, дури и кога многу од тие луѓе одат на исто место во исто време. Автомобилот исто така може да се изнајми на некого кому му е потребен. Како би знаеле кои се тие луѓе?

Мобилните апликации можеби би ни помогнале да го дознаеме тоа. Mercedes овој месец во Минхен претстави сервис за споделување на возила кој е peer-to-peer ориентиран за разлика од ReachNow од BMW или пак car2go од Daimler. Овој сервис на Mercedes се вика Croove.

Овој сервис моментално е достапен само како iOS апликација, но од оваа компанија најавуваат дека многу скоро ќе се појави и како Android апликација. Функционирањето е едноставно, корисниците создаваат профил за нивното возило вклучувајќи ги тука сите опции кои тоа ги поседува и секако поставување на цени за изнајмување. Возилото мора да биде исправно и да не биде постаро од 15 години.

Од друга страна пак, корисникот мора да биде постар од 21 година и да има возачка дозвола за да може да ја користи оваа апликација. Аликацијата вклучува и листа за оштетувања која може да се искористи како доказ откако изнајмувањето ќе биде завршено.

Извор: TechCrunch, BeingGuru

Претходна статијаHonda во преговори за безпилотната технологија на Alphabet
Следна статијаNokia го тужи Apple за нелегално користење на 32 патенти