Меѓунарондата организација ICERTIAS ги повикува висококвалитетните компании во Македонија да се пријават за престижната меѓународна бизнис награда ICERTIAS Customers’ Friend

Скопје – 02. мaj, 2017 – Меѓународната организација ICERTIAS во Македонија ја претстави својата програма во која се наградуваат оние компании кои имаат извонреден однос со своите клиенти и вработени. Сите квалитетни компании во Македонија се поканети да се пријават за оваа престижна меѓународна деловна награда.

Наградата “Customers’ Friend“ е меѓународен проект кој за прв пат е воведен на европскиот пазар во 2014 година, а од оваа година е достапен и на територијата на Македонија.

ICERTIAS Customers’ Friend“ има за цел во својата програма да ги обедини компаниите и организациите кои спроведуваат и поттикнуваат фер и професионален однос на пазарот, пријателска и професионална комуникација со своите корисници и  одлична корисничка поддршка, кои позитивно влијаат врз општествената заедница на територијата на која работат.

Компаниите и организациите кои се заинтересирани да се придружат на програмата за сертификација “ICERTIAS Customers’ Friend“ внимателно се истражени од страна на експерти – аналитичари на пазарот на ICERTIAS врз основа на секундарно истражување на пазарот.

Целта на меѓународната програма “ICERTIAS Customers’ Friend“ е промовирање и поттикнување на квалитетот во односот помеѓу врвните компании и нивните корисници, клиенти, вработени и деловни партнери.

Повеќе информации за овој меѓународен проект за сертификација можете да најдете на интернет страницата: www.customersfriend.org.

Компаниите во Македонија кои сметаат дека имаат висококвалитетен и исклучителен однос со своите корисници и клиенти, како и со своите вработени, можат да се пријават за оваа престижна бизнис награда на интернет страницата: www.customersfriend.org/application или преку адресата за е-пошта: certification@icertias.com.

ЗА “ICERTIAS CUSTOMERS’ FRIEND“

Мисијата на програмата “ICERTIAS Customers’ Friend“ е да ги пронајде, анализира и означи компаниите и организациите на пазарот кои имаат исклучителен однос кон своите клиенти (потрошувачи и корисници), вработени и деловни партнери.

Оние компании кои ги исполнуваат критериумите за сертификација, подготвени се да потпишат Изјава за “ICERTIAS Customers’ Friend“ и да делуваат согласно правилата наведени во неа, влегуваат во рамки на програмата за сертификација за “ICERTIAS Customers’ Friend“ и можат да го користат медалот “ICERTIAS Customers’ Friend – БИДЕЈЌИ ГИ ЦЕНИМЕ НАШИТЕ КОРИСНИЦИ” во своите промотивни активности.

Целта на меѓународната програма “ICERTIAS Customers’ Friend“ е да се промовира и охрабри квалитетот на односот помеѓу врвните компании и нивните корисници, клиенти, вработени и деловни партнери.

Меѓународна организација за сертификација ICERTIAS, со светско седиште регистрирано во Цирих, Швајцарија, стои зад програмата за сертификација “ICERTIAS Customers’ Friend“.

ЗА ICERTIAS

ICERTIAS е модерна, приватна, политички независна, меѓународна организација за истражување на пазарот и сертификација, која открива, сертифицира и наградува компании, производи и услуги со највисок калибар, упатувајќи ги корисниците од целиот свет до најдоброто што може да го понуди пазарот.  Со своите програми за сертификација “Best Buy Award“, “QUDAL – QUality meDAL“ и “Customers’ Friend“, ICERTIAS во моментов е присутна во повеќе од 40 земји на пет континенти.  Формирана во Швајцарија во 2011 година, организацијата ICERTIAS е регистрирана како “ICERTIAS – International Certification Association GmbH“ во Трговскиот регистар на Кантонот Цирих.

За повеќе информации посетете ја страницата www.icertias.com.

Претходна статијаМаск ја претстави првата фотографија од новиот карго камион од Tesla
Следна статијаЕлон Маск не се шегуваше кога најави дека ќе копа тунели