Honda е третиот најголем производител на возила во Јапонија. Овој автомобилски гигант моментално преговара со Alphabet (Google), со цел соработка за развивање на автономни возила. Инаку оваа американска фирма веќе има склучено договор со Fiat Chrysler корпорацијата со иста цел, уште пред неколку месеци.

Кога станува збор за автономните возила, многу од автомобилските компании се решаваат за соработка со звучни имиња од светот на технологијата, се со цел да ги намалат трошоците кои ги носи оваа иновација. Иако како што најавуваат од Honda, овој нивни договор со Alphabet не значи целосно откажување од идеата да создадат нивни сопствен систем за автономни возила.

Иако работата на Honda на полето на автономни возила, која започна во месец јуни оваа година, не го доби вниманието што го добија некои други автомобилски компании како на пример Toyota, сепак од оваа компанија најавуваат дека нивни целосно автономни возила на пазарот ќе се појават во период од четири години. Јапонските инженери ќе работат заедно со инженерите од силиконската долина со цел да ги усогласат возилата со софтверот на Alphabet – Waymo, на истиот начин на кој што тоа го направи Fiat Chrysler.

Наредниот чекор ќе биде тестирање на овие возила на патиштата во неколку градови во САД каде што веќе се тестираат вакви возила. Премиерот на Јапонија најави дека сака да ги види автономните возила на улиците на Токио најкасно до одржувањето на летните олимписки игри во 2020 година.

Извор: Engadget, The Guardian

Претходна статијаGoogle ќе лансира два паметни часовници на почетокот од 2017
Следна статијаMercedes го лансира сервисот за споделување возила Croove