Преку посебни соопштенија, двете компании денеска информираа дека имаат склучено договор во вредност од 1,1 милијарда долари преку кој Google купува дел од компанијата. Претходно, како и секогаш се појавија шпекулации за тоа дали Google планира да ја купи целата компанија.

Делот од компанијата којшто е предмет на договорот е тој каде што се прават мобилните телефони. Поточно, Google го купува само тимот одговорен за развој на телефоните, односно не и целиот производствен процес.

Овој тим веќе повеќе години соработува со Google во развојот на телефоните со брендот на компанијата, односно Pixel телефоните, а и Nexus пред промената на брендот.

Со договорот, Google добива и пристап до портфолиото со интелектуална сопственост на HTC, нешто што се разбира е потребно за продолжување на работата на новиот тим во компанијата.

Повеќе информации за тоа какви точно се плановите на Google со овој договор нема, но се разбира ќе ги видиме резултатите од истиот во месеците што следат.

Договорот се очекува официјално да се финализира на почетокот од идната година, па нема многу време да помине додека почнеме да ги гледаме резултатите.

Извор: Google, HTC, VB

Претходна статијаНаучниците создадоа синтетички мускул 1.000 пати посилен од човечкиот
Следна статијаTeachHoot.com – првата македонска платформа за онлајн приватни часови во виртуелна средина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.