Од Велика Британија ни пристигнуваат податоци кои што се изненадување за многумина. Уште еден доказ дека со порастот на економијата не мора автоматски да расте и загаденоста на воздухот и емисијата на јаглеродни гасови. Имено во Британија електричната енергија добиена од согорување на јаглен е намалена за огромни 52%, споредбено со само една година претходно. Во 2016 година за прв пат фармите со турбини на ветер произвеле повеќе електрична енергија одколку термоцентралите.

Овие промени ја доведоа емисијата на јаглеродни гасови во воздухот на ниво како во 1894 година. Токму во 1984 започнува првото масовно производство на автомобили. Овие податоци ни доаѓаат од  Carbon Brief, вебсајт од Велика Британија којшто се занимава со климатските промени и загаденоста на воздухот. Доколку се направи споредба со блиското минато, разликите во емисијата на јаглеродни гасови е огромна. Пред околу десетина години во воздухот биле испуштани 137 милиони тони јаглероден диоксид, Во 2016 година оваа бројка изнесува 37 милиони тони јаглероден диоксид.

Емисијата на штетни гасови во 2016 година е за 36% пониска одколку во 1990 година. Планот на Велика Британија е до 2020 година да достигнат 65% пониска емисија отколку во 1990 година. Ова се должи на зголемувањето на електрична енергија добиена од обновливи извори. Користењето на гас како ефтин извор на енергија исто така има улога во намалување на загадуввањето. Од друга старана и помалата побарувачка на електрична енергија со го прави своето. Новите даноци кои што Британија ги воведе, а се однесуваат на користењето и согорувањето на јагленот, се исто така едни од главните фактори за намалената загаденост.

Извор: Fastcoexist

Претходна статијаВештачката Интелигенција на Google може да препознае што гледа во видеа со извонредна точност
Следна статијаНајдобрите апликации за iOS со кои ќе си го олесните патувањето