Сите автомобилски компании имаат лого кое што крие некое значење. Во најмала рака треба да биде препознатливо и поразлично од сите останати. Оттука креирањето на лого за автомобили е сериозна задача која мора да се сфати сериозно. Можеби сте се запрашале какво значење има логоtо на Tesla, и дали крие нешто повеќе од убавиот дизајн. На прв поглед се чини дека само е стилизирана буквата „Т“, но сепак крие нешто повеќе.

Според основачот на Tesla, Елон Маск, логото претставува референца на продуктите на компанијата. Тој ова го објаснува одговарајќи на прашање на Twitter поставено од негов следбеник на оваа социјална мрежа.

Според него, главниот „Т“ симбол претставува дел од роторот (мотор), додека пак втората горна линија претставува секција на статорот. Доколку се наредат повеќе логоа од Tesla во форма на круг, каде што горната секција ќе биде поставена надворешно, тогаш се добива форма на пресек на електричен мотор. Сето ова мора да се земе со резерва, бидејќи архитектурата на овие мотори е подложна на многу варијации.

Покрај логото на Tesla, уште една компанија од Маск има лого со скриено значење, а тоа е SpaceX. Тука според него, логото претставува траекторија на ракета во последната буква „X“.

Двете логоа се креирани од страна на RO-Studio, компанија за дизајн со седиште во New Jersey. Покрај овие две логоа кои имаат дополнително значење, третото лого од SolarCity е прилично едноставно. Тука само е претставено сонцето како извор на електрична енергија.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаДеценискиот успех на ИТД Дистрибуција е производ на посветеност, труд и упорност
Следна статијаuBeam претстави безжично полнење кое работи на далечина