По „протекувањето“ на информации, како во случаевите на Сноуден и слични, светот дозна нешто коешто можеби и го знаеше. Властите не бираат начин како да дојдат до се’ поголемиот број на податоци и информации кои ги оставаме онлајн.

Со оглед на фактот што овие податоци ги оставаме најчесто на серверите на некој од поголемите ИТ компании, може слободно да се каже дека нашата приватност во голем дел зависи од начинот на нивното работење и соработка со властите.

EFF – Electronic Frontier Foundation е една од најпознатите непрофитни организации која работи на заштитата на човековите права, како што тие самите истакнуваат, во дигиталниот свет.

Тие редовно изготвуваат извештаи преку кои може да се добие претстава, до некаде, како поголемите компании функционираат, кога е во прашање заштитата на приватноста на корисниците.

Извештајот за којшто пишуваме денес, се издава веќе 7 години и е наречен „Who has your back“. Во него се опфатени повеќе од 20 компании, во главно од САД и нивниот начин на работа се категоризира според начинот на којшто тие се однесуваат со следните принципи:

  1. Дали компанијата ги следи најдобрите практики востановени во индустријата
  2. Дали компанијата ги известува корисниците за барања стигнати од властите
  3. Дали компанијата ветува дека нема да ги „продаде“ корисниците
  4. Дали се противат на NSL писма од властите во САД (писма на коишто мораат да одговорат, без да информираат никого)
  5. Дали компаниите следат нови политики на функционирање кои се насочени кон корисниците, а не властите

Главните заклучоци од извештајот EFF ги сумира во следните неколку точки:

  • Секоја од компаниите која што е дел од извештајот има усвоено основни правила за индустријата, како што се објава на извештаи за транспарентност и барање на налог пред да ги дадат корисничките податоци на властите
  • Девет компании ги почитуваат практиките на сите 5 горенаведени категории, а тие компании се: Adobe, Credo, Dropbox, Lyf, Pinterest, Sonic, Uber, Wickr и WordPress.
  • Четири компании се оценети како најслаби, односно почитуваат само една од практиките, а тие се: AT&T, Comcast, TMobile и Verizon.
  • Начинот на работа на Amazon и WhatsApp посебно се истакнува како послаб од другите слични компании.

Од компаниите коишто можеби би ги интересирале нашите корисниците оценките се следните: Microsoft задоволува 4 од 5те принципи, Apple исто така 4 од 5, Dropbox сите 5 принципи, Facebook 4 од 5.

Целосната листа со ознака на практиките кои се почитуваат или не од компаниите, можете да ја погледнете на следната слика, додека целосниот извештај преку следниот линк.

Извор: EFF, TNW

Претходна статијаLG Innotek и Clearwin лансираат уред за стерилизирање на држачите за раце на ескалаторите
Следна статијаЕлон Маск добил „вербална дозвола“ за градење на подземен Hyperloop во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.