Mакедонското креативно студио BTS Art Factory, или BTSAF, пред два дена го објави најновиот проект BTSAF 5.0. Станува збор за целокупен редизајн на online претставување на брендот, со ново лого и нов веб-сајт.

Во морето од веб сајтови и стартапи, да се биде автентичен е навистина предизвик. Затоа, тимот во својата есенција на изразување го вметнува дизајнот како најпрепознатлива CX (consumer experience) карактеристика.

Од start-up кон grown-up

Овој австриско-македонски стартап е составен од тим кој брои 10 креативци. Веќе следниот месец, во април ќе заокружи 4 години како успешно твори под својот бренд, со портфолио кое вклучува клиенти и проекти од МК и ЕУ пазарот. Неодамна нашиот тим го интервјуираше Филип Тасевски – Fitz еден од ко-основачите.

Го имавме задоволството први да дознаеме за новитетите, па си зедовме за слобода да го изанализираме нивниот најнов редизајниран веб-сајт.

Нов, исклучителен CX

Ова е 4-то по ред редизајнирање на брендот и комуницира целосно новo корисничко искуство и брендмарк. Новото лого е симплифицирано и без текст.

Веб сајтот на BTSAF е еден од ретките македонски веб-сајтови каде што главен акцент е ставен на висококвалитетниот дизајн. Taa карактеристика придонесува да отскокне од конкуренцијата во македонската ICT индустрија. Оптимизирана содржина која е прилагодена на сите големини на уреди, „retina ready“ фотографии,  што воедно и се очекува за нов модерен сајт во 2017-та година.

Особено се запазени деталите и палетата на бои, а доколку кликнете во „Team“ пријатно ќе ве изненади начинот на кој се претставени главните „виновници“ за целокупниот успех.

Доколку сте љубопитни што сè имаат сработено, кликнете во „Works“. Проектите може да ги пребарувате по хаштаг, независно од услугата/областа која ве интересира.
Креативното студио нуди:

  • Графички дизајн и илустрација
  • Веб дизајн и развој
  • Маркетинг и менаџмент на социјални медиуми
  • Фотографија
  • Видео продукција
  • 2D/Motion graphics анимација
  • Аудио продукција
  • Copywriting

Ѕирнете во делот „Clients“ за да видите кои сè клиенти и успешни бизниси секојдневно работат сo BTS Art Factory.

Денес претставува вистински предизвик да се отскокне од толпата, да се претстави едно ново автентично искуство, (CX) кое на интернет корисникот ќе му остави препознатлив печат во целокупната комуникација.

Доколку сте расположени да „купите искуство“ спакувано со емоција, талент, и квалитет знаете каде да се обратите.

Претходна статијаНовиот знаменосец на HTC ќе има рамка осетлива на допир и притисок
Следна статијаFacebook Messenger прецизна гео-локација во вистинско време