DSC_0610

Лабораторијата за Електроника при Факултетот за електротехника и информациски технологии од денес е збогатена со нова PLC лабораторија благодарение на компанијата АрцелорМиттал Скопје во соработка со други компании. Оваа донација ќе придонесе факултетот да биде опремен со доволно работни станици за ефикасно изведување на практичната настава на овој факултет.

„АрцелорМиттал е компанија која пред се го истакнува својот општествено-одговорен однос кон средината во која работи. Како компанија ние ја користиме секоја можност да допринесеме за младите да креираат успешен професионален профил. Летните школи, вработувањата, донациите на компјутери, книги се само дел од активностите кои ние ги спроведуваме за оваа цел. На наше големо задоволство и чест денес во 10:00 часот се отвори новата PLC лабораторија на факултетот за Електротехника и Информациски технологии, за која што АрцелорМиттал како компанија не само што беше донатор туку и иницијатор. Нашата иднина е во младината, и затоа нашата помош  и помошта од другите компании е од големо значење.“ – изјави Емилија Чуревска, одговорна за корпоративна општествена одговорност на компанијата во АрцелорМиттал Скопје.

DSC_0622

Исто така деканот на факултетот за електротехника и информациски технологии Проф. д-р Миле Станковски, додаде дека оваа лабораторија била долгогодишен сон на факултетот и дека е среќен, благодарен и задоволен за овој голем чекор.

Претходна статијаNvidia DGX-1 е супер брз компјутер наменет за длабоко учење на „Вештачка Интелигенција“
Следна статијаJob Fair – Чекор поблиску до твојата кариера